Новинската агенција Centar.mk пренесува дека вечерва околу 17.30 часот во село Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го приведоа Б.А.(50) од село Милино, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори.

Според сознанија на Centar.mk, тој давал и нудел пари, од 3000 до 5000 денари, во замена за глас за независен кандидат, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари.