Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е во огромна предност пред лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според анкетата на Брима која утре во целост ќе биде објавена во дневниот весник “Слободен Печат”, лидерот на СДСМ Зоран Заев има поддршка од 11,8 проценти од граѓаните што го става на првата позиција на ранг листата, додека Христијан Мицкоски има 7 отсто поддршка, што го става на втората позиција.

СДСМ бележи солидна предност пред ВМРО ДПМНЕ со околу 2 отсто.

Целата анкета е објавена во утрешното издание на “Слободен Печат”.