На 21.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 36-годишник од Струмица.
Според пријавеното, тој на 21.11.2026 околу 20:50 часот пред семејниот дом на 52-годишна жена од Струмица агресивно се однесувал кон неа.
Од преземените мерки со дрегер е утврдено дека лицето има присуство на алкохол во крвта од 2,58 промили.
Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.