Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против 38-годишник од Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 11.11.2026 на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола.