На 21.11.2026 во 14:00 часот на бул. „Александар Македонски“ во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 26-годишник од Радовиш.
При контрола на патниот сообраќај било запрено патничко возило „форд“ со бугарски регистарски ознаки, кое го управувал 26-годишникот, а од преземените мерки е утврдено дека тој возилото го управувал за време на изречена забрана за управување со моторно возило.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а возилото е одземено.
По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“.