Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против лице на возраст од 22 години од селото Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“.
Според полициските информации, на 21.07.2026 година, по претходна расправија, пријавениот го зел своето двегодишно дете и заминал во Република Швајцарија, без знаење и согласност на сопругата.