Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Во 2024 и 2025 година беа направени значајни чекори во спроведувањето на Реформската агенда, кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на ЕУ.

Европските институции го препознаваат напредокот на Македонија и затоа и оваа година Македонија ќе биде лидер во регионот по Планот за раст.

СДС не гласаше ниту за едно од законските решенија што се дел од Реформската агенда.

Не го поддржаа Законот за енергетика, Законот за административни службеници, законите од образованието, ниту еден од законите за дигитализација.

Иако имаа 7 години да ги донесат реформите, не го направија тоа, а сега, без разлика што тие реформи значат многу за Македонија и за македонските граѓани, одлучуваат да прават опструкции.

Филипче и СДС треба да им објаснат на граѓаните зошто не ги поддржуваат овие реформи, кои произлегуваат директно од ЕУ, и што за нив значи европскиот пат. Се однесуваат како да имаат подобри планови од самата ЕУ, а со таквиот пристап остануваат единствени во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено и ќе ги донесе сите реформи преточени во законски решенија кои се потребни во предвидениот рок.

Од СДС очекуваме да покажат конструктивност, да ги остават дневнополитичките агенди настрана и конечно државниот интерес да го стават пред сопствените политички амбиции.