На терен се работи се поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој.
Со овој автопат патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3-3,5 часа. Тоа значи многу повеќе бизнис и туристи за цел регион, напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата на автопатот Прилеп – Битола.
Ова е најдолгата поединечна делница автопат што се гради во Македонија. Нашата цел е првата половина на 2027 година да имаме пуштено во функција 10,5 км, а исто така во тек на следната година сообраќајот по целата должина од 40 км да се одвива по една коловозна лента.
Овој автопат ќе значи побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и силен поттик за економскиот развој на Пелагонија.
Пелагонија е еден од најважните региони во Македонија и затоа инвестираме во модерна инфраструктура што ќе обезбеди подобар живот за граѓаните и нови перспективи за идните генерации.
Ја градиме Македонија” додаде Николоски во својата објава.
Министерство за транспорт
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...