На 26.06.2026 во 22:30 часот во ПС Гевгелија е добиена пријава од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, дека кај нив со возило на Итна медицинска помош Гевгелија бил донесен С.П. (32) од Скопје, кој, според пријавеното, се здобил со повреди од струен удар, додека извршувал работни задачи на викенд- куќа во с. Николиќ, општина Дојран, сопственост на А.Н. од с. Кадино.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.