На 26.06.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на поткровје од зграда на подрачјето на Центар настанал пожар. При обид со противпожарни апарати да го изгаснат пожарот, Д.С.(54) и Б.А.(49), двајцата од Скопје, вдишале чад, по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Подоцна, на преглед се јавиле уште три лица поради вдишување на чад. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.