На 25.06.2026 околу 15:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, 17-годишен малолетник од Пробиштип, управувајќи мопед со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, запрено од С.С.(52) од Пробиштип.

По несреќата, возачот на мопедот бил пренесен во Клиничка болница во Штип, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Пробиштип.