Сопшштение на СДСМ:

Кога Христијан Мицкоски нема одговори и нема резултати, стандардно се враќа на она што најдобро го знае – закани, напади и дефокус од реалните проблеми.

Од собраниската говорница, Мицкоски повторно го спомена Харис Џиновиќ и Дубаи, и му се закани на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека „кога граѓаните ќе ве видат зад решетки“.

Ова е веќе познат и исцрпен наратив.

Сите случаи и постапки против социјалдемократите кои доаѓаат како пријави и процеси се без докази и се водат по нарачка на Мицкоски и неговите најблиски соработници.

Тоа денес го знаат сите.

Мицкоски, очигледно, се обидува да ја копира тактиката на својот постар „брат“ Александар Вучиќ и сестринската партија СНС. Го користи и истиот слоган – „народот победува“.

Прашањето е: кога народот победува?

Народот сигурно ќе победи против вашата организирана криминална група и против вас како шеф на бандата.

Власта ќе биде вратена во рацете на народот, која моментално е окупирана од криминална структура.

Додека Мицкоски се заканува од собраниската говорница, граѓаните се соочуваат со празни паричници, блокирана европска интеграција, економски колапс и институции кои се ставаат во функција на политичка одмазда.

Мицкоски знае дека времето му истекува. Тоа го чувствува – оттука и толкавата нервоза.

Време е за вистина и правда.
Време е за независно тужилаштво и судство. И тогаш, сите ќе одговараат – не според нарачка, туку според докази и закон.

Правдата можеби е бавна, но е достижна. Тоа ќе го докажат народот и Граѓанскиот фронт за вистина и правда.

Сонцето изгрева.