На 22.06.2026 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Пере Тошев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од лице (49) од Прилеп и електричен тротинет, управуван од 16-годишна малолетничка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.