Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за подрастично намалување на цените на горивата и дали се очекува стабилизација во Македонија и на глобално ниво со оглед на тоа што околу 55 трговски бродови поминаа низ Ормутскиот теснец, изјави:

„Па таа бројка од 55 танкери и не е нешто драматична, имајќи предвид дека на времето таа бројка била и троцифрени на ден. Имајте предвид дека овие танкери додека стигнат до конечните дестинации, ќе поминат можеби и еден месец, можеби и повеќе. Отприлика 25 до 35 дена, додека да стигнат таму каде што треба.

Така што очекувам во периодот, цената на барелот да се движи отприлика тука некаде, плус-минус некој долар, околу 80 долари за барел. Јас стојам на ставот дека нашите математики се тие, сега треба да ги видиме кои се математиките на Регулаторната комисија. Но очекувам поевтинување на бензините отприлика 2,5-3 денара и очекувам околу 7 денара намалување на дизелот по литар. Отприлика ова се тоа кое што ние го очекуваме, но да почекаме да Регулаторна комисија излезе со нивните математики.“

фото Влада