Автопатот Гостивар -Букојчани на Коридор 8 се гради со силно темпо, напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави фотографии од изградбата.
“Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража).
Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите.
Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен.
Ја градиме Македонија” – напиша Николоски.
фото Министерство за транспорт
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...