На 19.06.2026 во 15:35 часот во Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско лишиле од слобода лице(50) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја малтретирал неговата 47-годишна невенчана сопруга, а на 15.06.2026 кога во домот физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.02.2026 во 11:45 часот во ОВР Кавадарци, 25-годишна кавадарчанка пријавила дека подолг период била малтретирана од нејзиниот поранешен сопруг, а последно на 14.06.2026, кога тој дошол во нејзиниот дом и по вербална расправија физички ја нападнал. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 19.06.2026 во 22.40 часот полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода лице(56) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека подолг временски период, таа и нејзините деца, биле психички и физички малтретирани од него. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 19.06.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријави дека на 18.06.2026 околу 16:30 часот, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 20.06.2026 во 06:15 часот во СВР Скопје, ПС ОН Аеродром , 37-годишна жена пријави дека на 19.06.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 37-годишен маж. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...