Изјава на премиерот Христијан Мицкоски:

„Добар ден и од мене.

Еве почнуваме еден нов објект, убав објект којшто има за цел да обезбеди практично пристојни услови би рекол, современи услови за нашите најмлади, за децата, тоа што претставува наш врвен приоритет овде во Општина Карпош.

Јас нема да се задржувам на техничките детали, веќе ги спомна и градоначалникот и министерот, јас само можам да кажам дека секој еден ваков почеток е нешто коешто претставува голем успех, во смисла на тоа дека ќе обезбедиме подобри услови за живот, да речеме во тие моменти кои ќе ги поминуваат нашите најмлади, дечињата во овој објект, ќе учат, ќе другаруваат нешто коешто за нас претставува врвен приоритет и оваа Влада и во иднина ќе продолжи на тој начин да се однесува, да реализира вакви проекти бидејќи само на овој начин можеме да обезбедиме пристојни услови за развој на нашите најмлади, но исто времено и родителите коишто ќе ги остават своите дечиња во овој новоизграден објект, којшто ако биде се како што треба би требало да се изгради во рекордно време, ќе се чувствуваат сигурни дека децата се згрижени дека ја добиваат негата којашто ним им е потребна и се разбира тука ќе се образуваат и ќе другаруваат.

Нека е со среќа и уште многу вакви објекти да ни се множат.“