СВР Велес поднесе кривична пријава против лице (32) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 23.05.2026, откако бил лишен од слобода поради недолично однесување, пријавениот во службено возило физички нападнал полициски службеник и му нанел повреди.