На 30.05.2026 во 10:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица кај Гробишта Ѓорче Петров во Скопје патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.П.(68) удрило во 75-годишната Д.Т. двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Т. констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.