На 29.05.2026 во 19:10 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Пирава и Јосифово, валандовско, мопед со гевгелиски регистарски ознаки управуван од лице (18) од Гевгелија, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во дрво.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а повредите биле констатирани во Здравствен дом Гевгелија. Увид на местото изврши екипа на ОВР Валандово.