Честитка од Африм Гаши, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија:
По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот развој на словенските народи.
Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, дијалогот и почитувањето меѓу народите.
На овој значаен ден, ја потврдуваме нашата посветеност кон образованието, културата и соработката, како вредности што градат демократски и напредни општества.
Оваа година, Денот на Светите Кирил и Методиј го одбележуваме во Ватикан, каде што ја предводам државната делегација на Република Северна Македонија на традиционалниот настан во чест на Свети Кирил.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...