Соопштение на СДСМ:

Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски.

Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеле
да имаат двојни државјанства.

Зошто?

Затоа што тогаш пола Влада на Мицкоски ќе требаше да си замине.

Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот.

Какво лицемерие, какво лажење на сопствените граѓани.

Прво го признаа Преспанскиот договор како ремек-дело на дипломатијата.

Потоа признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени македонскиот јазик, македонскиот национален идентитет и култура.

Го признаа и НАТО како добра работа за инвестициите и безбедноста.

А сега дојде уште едно признание: Мицкоски има Влада полна со бугарски пасоши и бугарски државјанства.

Со години ширеа хистерија, страв и ги лажеа граѓаните дека е загрозен македонскиот идентутет токму тие кои се со бугарски пасоши во џебовите.

Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори – цела мрежа на функционери на ВМРО-ОКГ со бугарски пасоши, кои со години продаваа лажен патриотизам додека тивко си обезбедувале европски документи за себе и за своите семејства.

Додека ја држат Македонија во изолација и намерно создаваат конфликти со Бугарија, многу функционери од ВМРО-ОКГ си обезбедиле бугарски пасоши – пасоши на Европската Унија.

Одбивањето на Законот ја разобличи целата нивна лицемерна политика. Никого повеќе не можат да излажат.

Граѓаните ја гледаат вистината.

Најгласни против Европа се токму оние кои одамна си ја обезбедиле Европа за себе.