Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека, поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.

– Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро.

Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите.

Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето, соопштија од Министерството за дигитална трансформација.