На 09.04.2026 во 03:40 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода лице(20) од Прилеп, лице(27) од Прилеп, лице(19) од Прилеп, лице(31) од Прилеп, лице(18) од Битола, лице(26) од Битола, лице(22) од Битола, лице(19) од Битола и лице(34) од Кичево.

Тие се сомничат дека во 01:30 часот на Осломешка крстосница го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што биле употребени дрвени предмети и ножеви и притоа со расекотини и повреди се здобиле две лица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.