На 25.03.2026 во 11:30 часот во Полициската станица Радовиш, од Итна медицинска помош Радовиш било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено 15 месечно бебе со повреда на главата. Според пријавеното, две малолетни лица го носеле бебето во раце и во еден момент забележале крв во пределот на главата.
Во присуство на социјален работник и родители, извршени се разговори со малолетните лица, а бебето е пренесено во Медицински центар Штип, каде му е констатирана телесна повреда, набиеница и рана на главата.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
