Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на оклопни возила STRYKER во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец.
Оклопните возила STRYKER се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила.
Во рамките на соработката со САД се реализираат два договори на принципот Влада-со-Влада, станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER.
До овој момент се пристигнати сите JLTV – лесни оклопни возила вкупно 96, а на овој настан се промовираат првата испорака на дел од возилата STRYKER, 17 од предвидените 42.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
