Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува на владина седница за ослободување на резервите на мазут за потребите за производство на струја, изјави:

„Во овој момент размислуваме, но исто така добивме информација и дека оние количини коишто требало да се повлечат на крајот од минатата година кога беше прогласена кризната состојба, негде околу 3.000 тони, не се целосно повлечени. Така што можеби ќе ја оживееме, еве би рекол таа одлука да се повлечат тие количини, па потоа евентуално би оделе со нова одлука. Инаку денеска сум информиран од страна на директорот на АД ЕСМ, поранешно ЕВН, дека не само што ги задоволуваат потребите на граѓаните и конзумот, туку и продаваат навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите.“