Животот во Скопје никогаш не застанува. Нашето секојдневие е постојан баланс помеѓу брзите состаноци, сообраќајниот метеж на Партизанска и оние скапоцени моменти на релаксација покрај Вардар. Сите сме биле во ситуација кога бучавата од градот ни го прекинува важниот повик или кога се обидуваме да направиме совршена фотка од ноќниот град, а добиваме само заматени светла. Со новата Samsung Galaxy S26 серија, технологијата престанува да биде само алатка и станува ваш проактивен партнер.

Срцето на новиот Galaxy S26 Ultra е неговиот прилагоден процесор, кој во комбинација со иновативната архитектура на Vapor Chamber комората за ладење, овозможува моќни AI перформанси во текот на целиот ден без прегревање. Без разлика дали монтирате видео во движење или играте графички интензивни игри, уредот останува ладен и брз. А за деновите кои траат подолго од очекуваното, тука е напредната технологија за брзо полнење, која ја враќа енергијата на батеријата за само неколку минути.

Кога треба да прегледате доверлив договор или чувствителна порака додека сте во преполн лифт, револуционерниот Privacy Display на Galaxy S26 Ultra моделот прави екранот да биде видлив само за вашите очи. Оваа сигурност е дополнително засилена со агентска вештачка интелигенција која работи проактивно за вас. Преку функциите како Now Brief и Now Bar, телефонот ви нуди интелигентни потсетници и автоматски ги сумира клучните точки од вашите разговори, овозможувајќи ви да останете фокусирани на она што е важно.

 

Искуството не е комплетно без новите Galaxy Buds4 и Galaxy Buds4 Plus. Со нивниот нов „Blade“ дизајн, креиран врз основа на анализи на 119 милиони податоци за човечкото уво, тие нудат ергономска удобност. Во пракса, дури и да ги носите неколку часа, нема да ви пречат, односно нема да чувствувате дека ги носите. Благодарение на функцијата адаптивно поништување на бучава – ANC (Active Noise Cancellation), градскиот метеж едноставно исчезнува, оставајќи ве во свет на Hi-Fi звук и целосно препуштање на звукот. Функцијата Voice Detect автоматски препознава кога зборувате, па слушалките сами го прилагодуваат звукот, додека Interpreter функцијата ви помага да преведувате разговори во реално време, идеално за вашите средби со странски партнери.

Магијата на ноќната фотографија

Galaxy S26 Ultra навистина сјае кога сонцето ќе зајде. Овој уред носи комплетно „end-to-end“ решение за камерата, нудејќи го најлесното искуство за фотографирање, снимање и едитирање досега. Со професионалните леќи на камерата и AI асистенцијата, секој агол на Скопје изгледа магично на вашите фотографии. Организацијата на содржините е исто толку едноставна, вештачката интелигенција сама ги подредува вашите спомени, олеснувајќи го патот од „направена фотка“ до „совршена објава“.

Изработен со врвна прецизност, со практично S Pen пенкало (се продава засебно) за брзи белешки и совршено синхронизиран екосистем, Galaxy S26 Ultra е повеќе од технологија, тој е новиот урбан херој, веќе достапен за набавка, а својот влез во иднината можете да го обезбедите на официјалната страница на Samsung Македонија.

Во меѓувреме, доколку сѐ уште размислувате дали Galaxy S26 Ultra е вистинскиот избор за вас, пробајте го Try Galaxy за да тестирате некоја од најновите Galaxy функции, вклучувајќи ја и функцијата Privacy Display, директно на уредот кој го имате и го држите во рака во моментов.