На 01.01.2026 во 01:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Браќа Миладиновци“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишно лице од село Шемшево, општина Јегуновце, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата 17-годишна сопатничка од село Љубин, општина Сарај, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
