Граѓаните се вклучија во борбата против корупцијата и криминалот, а до Антикорупцискиот тим секојдневно пристигнуваат пријави, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
Пријавена е организирана кражба на 25.000 евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ, наведува свиркач, вработен во Пошта во писмо до АКТ.
Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подружници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки, а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.
А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подружници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари. Според тендерот, треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари.
Преку константниот недостаток на 14 хигиеничари, како и скратеното работно време на останатите кои реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигиеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта.
„Според писмото на вработениот во Пошта, тоа се прави со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните хигиеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кои воопшто не се реализираат, додека вработените работат во прљавштина и супстандардни услови. Во чии џепови завршуваат испумпаните пари? Кој ќе одговара?“, подвлече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
