На 26/27.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода девет лица.

Повеќемина од нив се од Скопје, како и лица од село Булачани (скопско), Гостивар, село Отља (липковско) и државјанин на Турција со престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана и дробилка.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.