На 26.12.2025 во 12:00 часот во СВР Тетово е извршен службен разговор со 40-годишната И.И. од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, односно дека од домот на А.Х.(44) од с.Пирок, тетовско, одзела пари. Имено, на 22.12.2025 во Полициското одделение Камењане, од А.Х. пријави дека, додека бил на привремена работа во Словенија, од неговата куќа биле одземени 12.000 евра и дека клучеви од куќата имала само И.И. која ја чистела куќата. Веднаш се преземени мерки и со неа е извршен службен разговор, прти што таа го признала делото. Додека, при преглед кај неа се пронајдени дел од парите.

Таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.