На 19 декември во 13:40 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден била измамена од машко лице за сума од 150.000 денари.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, претставувајќи и се како доктор и ѝ кажало дека треба да даде пари затоа што на нејзината ќерка требало да и се направи операција, откако претходно наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата.
Според пријавеното, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
