Соопштение на СДСМ:
Најновото „истражување“ на агенцијата „ИПИС“, објавено денес, воопшто не претставува реално мерење на политичките расположенија, туку чист пропаганден потег на власта, како резултат на драматичниот пад на довербата во Владата.
Сега, кога на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува избори на пролет, а мигранти во јуни, тие веќе немаат ниту трошка поддршка од последните избори.
По воведувањето на забраната на слободата на говор и објавувањето на вистината за криминалните тендери ДПМНЕ е во слободен пад.
Кога веќе прават вакви анкети (веројатно испитаниците се „жители“ на Белата палата), можеле барем да излезат пред сопствената зграда и да постават едно вистинско прашање во анкетата — а можеби и го направиле?!
„Дали сте за тоа во Македонија да дојдат мигранти кои, поради свои криминални дела, се протерани од земјите на ЕУ?“(во заграда може да стои: „ќе добиеме пари – за тендери“)
Па, со нетрпение чекаме ДПМНЕ да го објави и ова „истражување“.
И што велат граѓаните?
Уште едно прашање. Зошто ДПМНЕ прави анкети на секои десет дена?
Дали тоа е показател за паника и страв затоа што се разоткриени, или станува збор за стандарден дел од нивниот план, по инструкции на Вучиќ, во рамки на подготовките за пролетните избори?
Можеби им се брза, па нема да чекаат како Орбан и Вучиќ до април. Можеби ќе мора и во март — пред вистината да стигне во секој дом во Македонија.
Сметаме дека граѓаните ги заслужуваат овие одговори.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
