ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Според пријавата, на 30.10.2025 година на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, осомничениот, управувајќи возило од марката „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, од пиштол марка „Взор“ калибар 7,65 милиметри испукал неколку куршуми кон стан во сопственост на жител на Струга.