– Денеска СДСМ целосно го разоткри системот на кујните од ДПМНЕ и системското ширење лажни вести и манипулации за одвлекување на вниманието на граѓаните од темата со мигрантите, скандалите на власта, финансиските проблеми со трезорот, се вели во соопштението на СДСМ
– Кој прв се јави да ги брани кујните на ДПМНЕ? Владата на Мицкоски, објави СДСМ.
– Дали портпаролката на Владата е дел од овој систем, дали и она пишува вакви текстови па се најде повиканата да ги брани? Нека цени јавноста, ние сметаме дека на граѓаните им е веќе јасно.
Слободно нека продолжат да пишуваат. Не сакаме да ги замолчиме, напротив, сакаме што повеќе од нив невистини, лажни вести, измислени афери, напади на опозицијата.
Нека видат граѓаните како лажат и како се трудат да дефокусираат, фатени во криминал, во дилови мигранти за пари.
Им благодариме на брзата реакција на сите.
Ова беше показна вежба на АКТ, акција која потврди дека здружено работат. Дури и текстовите се прават во Владата.
Нема потреба да се грижи Здружението на новинари. Ова беше показна вежба, успешна акција како работат кујните на ДПМНЕ.
Им благодариме на сите од ДПМНЕ коишто учествуваа и дадоа придонес во нашата акција.
Акцијата Разоткривање е завршена! ДПМНЕ се целосно разоткриени.
Туку што е со мигрантите за пари? За тоа ќе кажете ли нешто?, велат од СДСМ.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
