На 06 декември 2025 година во 12:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Плачковица“ во Струмица, патничко возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 65-годишен жител на Кочани, удрило во 65-годишна жена од Струмица.
Во сообраќајната несреќа жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Струмица.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
