На 29.11.2025 година во 22:10 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода 32-годишен маж од истото село. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Истиот ден, во 23:20 часот, повторно во село Миравци, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија ги лишија од слобода 27-годишно и 38-годишно лице од валандовско. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, биле пронајдени марихуана, таблети и шише со непозната течност.

За двата настани бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.