Изложбата „Нишки“ на Милица Алимпиќ и Александар Џинго ќе се отвори на 10 јули во Шабац и ќе трае до 17 јули.

Годинава и македонскиот автор Александар Џинго, уметник со богата биографија ќе биде учесник на овогодинешната Накучанска колонија, заедно со Милица Алимпиќ.

Случајно или не, овие двајца извонредни уметници пред публиката на Шабац се претставуваат како фигуративни уметници, како сликари чија инспирација е насочена кон женската фигура и нивниот специфичен уметнички ракопис со кој сликаат и ги претставуваат жените како инспирација.

Она што ги поврзува, е секако женската фигура која е инспирација за многу уметници. Милица со балерини, акробати, жени во движење, создава своја приказна која е приемчива и едноставно привлекува со својата веселост и шарм. Изложените креации на Милица индиректно укажуваат на зрелиот и втемелен уметнички став, чувствителност и исклучителна сензибилност на авторот.

Сликарскиот опус на македонскиот уметник формира една компактна и концептуална целина, со појава на неколку константи кои го претставуваат специфичниот изразен јазик на овој автор – минималистички концепт, референцијалност, сликарски процес што е свеж и чувствителен како женските фигури на нив. Метафоричните и експресивните својства на неговите слики, асоцијативни наместо наративни и цврсти елементи ја градат динамиката и напнатоста на сликата, го претставуваат специфичниот јазик на авторот.

Со оваа изложба двајца големи автори, Милица Алимпиќ Илиќ и Александар Џинго го претставуваат своето сликарско творештво кое во нив е и средство за истражување на личниот и интимен простор, односно конструкција на внатрешниот простор во однос на екстериерот. Длабоко поврзани со внатрешните нишки на овие двајца автори.

Александар Џинго е член на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп и досега имал бројни самостојни и групни изложби, а учествувал и на повеќе ликовни колонии.Тој се потпишува и како илустратор на сликовница за деца „Сонцето и Кралицата на темнината“, издадена минатата година.

извор Трн.мк