Жаклина Лазаревска: СДСМ ги реализира ветувањата - пензионирање со возраст од 64 години со 15 години стаж
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Жаклина Лазаревска: СДСМ ги реализира ветувањата – пензионирање со возраст од 64 години со 15 години стаж

Прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

СДСМ реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните и продолжува со вистинска грижа за сите.

Пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за работни односи.

Со ова се овозможува пензионирање со возраст од 64 години и со 15 години стаж, а останува можноста жените да одат во пензија со навршени 62 години возраст.

Продолжување на работниот однос до возраст од 67 години е можно, но само за дефицитарните кадри во здравството, високото образование и научно истражувачката дејност и тоа под строго дефинирани критериуми и постапки.

Со овој закон, кој ќе се применува од 30 јуни идната година се отвора можност за вработување на младите, но и се намалува бројноста во администрацијата.

СДСМ како одговорна партија, продолжува да работи во интерес за сите граѓани, продолжуваме со создавање и реализација на мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Благодарам

Можеби ќе ве интересира...

Герасимовски и Шилегов: За еден мандат Центар доби 53.700 м2 нови и реконструирани паркови и нови 5.200 садници.

В+

Во пресрет на Извештајот од 2022, во Собранието сѐ уште се разгледува годишниот Извештај на Народниот правобранител за 2021 година

Vesti +

Османи: Меѓу пристигнатите Авганистанци, има и жена која е во 39-тата недела од бременоста

В+

СДСМ распали: ДПМНЕ го бараше Договорот за коридорите а сега бега, никако да кажат ден и комисија

Vesti +

Димче Шипинкаровски: Струга ќе биде 365 дена туристичка дестинација не само 40

В+

СДСМ: Јазикот е чист македонски јазик, вчера тоа и Мицкоски го повтори, денеска друго, кој Мицкоски е ова­?

Vesti +