„Досега се објавени четири анкети од релевантни институити, каде што се покажува дека граѓаните со 70 отсто ја поддржуваат иницијативата Отворен Балкан. Имаме речиси национален консензус и нема друга политика во Северна Македонија која има поголема поддршка од Отворен Балкан“ рече Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан во Владата на Северна Македонија на конференцијата „Регионални иницијативи на Западен Балкан – шанси и заблуди“ организиран од Центарот за граѓанско образование од Подгорица во Црна Гора.

Тој додаде дека иницијативата веќе ги дава првите резултати – взаемната поддршка и помош во справувањето со природните катастрофи, како и во поедноставувањето на постапките за извоз и увоз на храна и руги производи.

Освен тоа, како еден од позитивните резултати на Отворен Балкан, Забрчанец ја наведе одлуката на Владата на Србија да дозволи извоз на течен гас за болниците и училишта во Северна Македонија.