Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска рече дека Србија не треба да биде дел од НАТО и дека треба да го чува сопственото небо, а во контекст на тоа и дека српската воздухопловна одбрана би го срушила за 5 минути беспилотното летало кое падна до студентски дом во близина на Загреб.

„Се надевам и добив уверување од военото раководство дека би ни требале пет минути да го собориме авионот и дека нема да ни се случи како во Загреб, бидејќи денес имаме нешто. Имаме војска, за разлика од пред 15 години. т.е. имаме промена и горд сум на тоа“, рече Вучиќ.

Дронот прелетал над Романија и Унгарија, па се урнал во главниот град на Хрватска, а се уште не се знае кој го испратил авионот.

Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ, кој го следеше ископувањето на леталото, изјави дека имало и воздушна бомба од советско производство, а медиумите од висок извор во министерството за одбрана дознаваат дека таа била тешка до 120 килограми.