На 24.11.2026 во 06:00 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод лишија од слобода 50-годишник од с. Близанско, Македонски Брод.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 50-годишникот, и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола.

По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.