СВР Велес поднесе известување против 15-годишник од Кавадарци, со место на живеење во Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 08.04.2026 кај место викано „Ново паркче“ во Демир Капија бил извршен преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.