На 22.11.2026 во 17:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 25-годишна жена од Велес.

Таа се сомничи дека во два наврати од објекти во изградба, сопственост на правно лице во Велес, одзела кабли.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе биде поднесена соодветна пријава.