Во последното деноноќие полицијата привела 14 возачи поради сомнение за безобѕирно управување со моторно возило, а со уште еден малолетник бил извршен службен разговор. Најголем дел од случаите се поврзани со лица кои седнале зад волан без воопшто да имаат положено возачки испит.
Такви биле 12 од приведените. Во останатите случаи полицијата утврдила активна забрана за управување или други сериозни прекршувања, а МВР најавува кривични пријави по комплетирањето на документацијата.