Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги претстави најновите економски показатели, наведувајќи дека растот на БДП во вториот квартал изнесувал 4,3 проценти. Според него, ова ја става Македонија меѓу европските економии со повисока квартална стапка на раст.
Тој наведе и просечна инфлација од 2,5 проценти во третиот квартал и посочи дека државата го задржала кредитниот рејтинг. Станува збор за показатели и споредби презентирани од премиерот во неговото денешно обраќање при почетокот на изградбата на автопатот Букојчани–Кичево.