Со последниот ребаланс најголеми корекции има кај Министерството за животна средина и Министерството за енергетика – заедно повеќе од 60 милиони евра. Кај животната средина значителен дел од намалувањето е поврзан со проектот за скопската пречистителна станица.

Кај енергетиката се намалуваат околу 30 милиони евра кои биле планирани за природен гас, при што Министерството објаснува дека прекуграничните капацитети кон Бугарија се ограничени. Со ребалансот, од друга страна, повеќе средства добиваат здравствениот и пензискиот фонд и Министерството за социјална политика.