На 14.11.2026 во 20:00 часот во кичевското село Свињишта, полициски службеници го лишија од слобода лице на возраст од 72 години од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека под дејство на алкохол, од својата куќа, со огнено оружје – пушка испукало неколку куршуми.
По преземени мерки, полициските службеници го одзеле оружјето, а кај него при извршено алкотестирање биле констатирани 1,56 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.