Денеска (15.11.2026) во 01:51 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на Градскиот кеј во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лице на возраст од 46 години од една страна и лица на возраст од 22 и 26 години, од друга страна, сите од Кичево.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.